Џим Мур, поранешен тенисер и познат тениски судија, почина на 83-годишна возраст.
Со текот на годините, Мур стана икона на турнирите на Квинс Клубот, тениско натпреварување кое се одржува во Лондон.
Тој 42 години по ред ја делеше правдата на овој турнир, а во таа прилика ја „покри“ ерата на голем број тениски легенди, од Џими Колинс, Борис Бекер и Лејтон Хјуит до Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.
Тој беше и еден од клучните луѓе за започнување на турнирот во Бризбејн во 2009 година, а во организацијата учествуваше до 2020 година.
Мур е запаметен по расправијата со Џон Мекинро во 1984 година.
Тогаш како супервизор, Мур бил повикан откако Мекинро не бил задоволен од една одлука. По двеминутна расправа, мирно го погледнал тогашниот прв рекет на светот и со насмевка му рекол:
„Судијата е во право, сега вратете се на теренот и играј“.
Jim Moore, much-loved and respected Tournament Referee at The Queen’s Club Championships between 1978 and 2019, has died at the age of 83.
— LTA (@the_LTA) February 2, 2022