Тензии меѓу Џафери и Апасиев: „Не ми мавтај со прст да не ти биде скршен“

од Nikola Popovski

Продолжуваат тензиите и хаосот на 81. седница во Собранието, на која се расправа за предлог-преговарачката за почеток на преговори на Македонија со ЕУ.

Додека претседателот на Собранието, Талат Џафери ѝ говореше на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановски, беше прекинат од пратеникот на Левица, Димитар Апасиев. Тој го опомена Апасиев да не дофрла од место, туку може да зборува ако се пријави.

-Не се ни слушав, ти ме исклучи, како да зборувам. Прв и последен пат да ти биде да ми мавташ со прст, еве јас што ти кажувам. Немој веќе да ми мавташ со прст, јас не сум ти дојден дома, му рече Апасиев на Џафери, откако се пријави за процедурално и дојде на говорницата.

Џафери му врати со зборовите:

-Не мавтај. Кој си ти да мавташ со прст? Ајде зборувај, ако зборуваш. Не мавтај со прстот да не ти биде скршен.

По ова Апасиев се врати на пратеничкото место, а неколку пратеници станаа и дојдоа околу говорницата.

Слични содржини