ТЕНЗИИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Борбени авиони го надлетуваат преминот Јариње

од Берта Китинска

Авионите на српската армија денеска патролираа во воздушниот простор над преминот Јариње.

Граѓаните незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички влегоа во шестиот ден на протестите на северот на Косово, кај административните премини Јариње и Брњак.

На двата премини се распоредени специјални сили на косовската полиција РОСУ. На северот на Косово од Србија може да помине само пешки.

Единиците на српската војска се во највисока борбена готовност во гарнизоните Рашка и Нови Пазар.

Србите се незадоволни од одлуката на косовската влада за замена на српските таблички со привремени косовски.

Денес околу пладне преминот Јариње го надлетувале авиони на српската војска, слично на борбените хеликоптери кои вчера летаа во таа област. Појавата на авионите демонстрантите ја поздравиле со аплауз и извици „Србија, Србија“.

Слични содржини