Почетна / TOP NEWS / Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напуштил земјата и покрај победата на изборите, војска на улиците на Минск

Тензии во Белорусија: Лукашенко ја напуштил земјата и покрај победата на изборите, војска на улиците на Минск

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ја напушти земјата и покрај победата на претседателските избори. Според британски „Експрес“, кој се повикува на локалните медиуми, Лукашенко полетал во Турција од страв дека освојувањето на шестиот мандат како шеф на државата може да предизвика немири во Минск.

Александар Лукашенко е претседател на Белорусија од 1994 година и е на добар пат да ја победи лидерката на опозицијата Светлана Тихановскаја. И покрај многуте шпекулации дека претседателот може да ги загуби изборите, излезните анкети покажуваат убедлива победа за Лукашенко, кој доби скоро 80 ​​проценти од гласовите, додека неговиот главен ривал доби едвај 6,8 проценти.

Официјалните резултати од претседателските избори се очекуваат утре.

Белорускиот портал „МБК“ објави дека авионот поврзан со Лукашенко ја напуштил земјата. Овие медиуми објавија дека претседателскиот авион „Bombardier Challenger 850“ денес слетал во Турција.

Опозицијата закажа протести за 22 часот, а поддржувачите на опозицијата почнаа да се собираат во центарот на Минск.

Полицијата постави контролни пунктови низ градот за да спречи евентуални протести поради резултатите од изборите.

Полицијата во неделата приведе повеќе од 2.000 луѓе низ целата земја, соопшти Центарот за човекови права „Вијасна“.

Тимот на Светлана Тихановскаја ги обвини службените лица денес за апсење на нејзиниот менаџер, кој нема да биде ослободен до понеделник. Нејзиниот сопруг Сергеј беше приведен откако се обиде да се регистрира како кандидат на изборите.

Демонстрантите почнаа да се собираат вечерва во Минск, додека на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа голем број воени возила кои се спуштаат кон главниот град.

Лукашенко е остро критикуван за начинот на кој дејствуваше за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и неможноста за развој на економијата, оцени британскиот весник.

Сепак, по денешното гласање, тој инсистираше на тоа дека неговиот противник не е закана.

„Тие не се доволно вредни за да се изврши било каква репресија против нив“, рече Лукашенко.

На последните избори во 2015 година, претседателот победи со 83,5 проценти од гласовите, затоа што немаше сериозни предизвикувачи.

loading...