Тензии во Челзи! Куртоа против Конте поради Азар

од Vladimir Zorba

Тензијата во Челзи по низа незадоволителни резултати почна да расте.

Голманот на актуелниот англиски шампион Тибо Куртуа индиректно го обвини менаџерот Антонио Конте за поразот со 1:2 од Манчестер Јунајтед, кој ги исфрли „сините“ од Топ 4 во Премиер лигата.

Според него, италијанскиот тактичар не требало да го смени својот сонародник Еден Азар. „Немам објаснување за оваа промена. Тоа е избор на Конте, но тој е должен да ни каже зошто постапи така. Не можам да влезам во неговата глава. Сметам дека фудбалер од класата на Азар треба да одигра 90 минути. Еден секогаш има што да придонесе за нашиот напад“, рече Куртоа.

За време на дербито на „Олд Трафорд“, белгиската ѕвезда го отстапи своето место на Педро Родригез во 73-тата минута и само 120 секунди подоцна Џеси Лингард ја донесе победата за Јунајтед.

Челзи е рангиран на 5-тото место со 53 поени, а пред нив се Тотенхем 55, Ливерпул 57, „црвените ѓаволи“ 59 и убедливиот лидер Манчестер Сити – 72.

Во следниот круг тимот од Лондон одат на посета на „Етихад“ и при нов пораз ризикуваат да останат надвор од Лигата на шампионите за следната сезона.

Слични содржини