Тепач на жени не може да бара оставки од ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија

од Vladimir Zorba

Со прес конференциите како оние на тепачот на жени Ацевски, СДС се легитимира дека седи зад политичкиот прогон на ВМРО-ДПМНЕ и нарачките во судството, реагираат од Белата палата на пресот на членот на ИК на СДСМ.

„Тоа е и дефокусирање од фактот дека киднапираа пратеник и го држеа во владината вила само за да ја спасат владата од паѓање.

Тоа е и дефокусирање од тоа што Ден Дончев е на слобода пуштен да избега во Австралија, што Вице и Зоран Заеви се на слобода, тоа што во СДС се уште владее аболиран криминалец преку неговиот пиун Ковачевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ има нови луѓе кои ќе ги донесат промените кои требаат на Македонија“, велат меѓу другото од партијата на Мицкоски.

Слични содржини