Тепачка меѓу малолетници во Тетово

од Nikola Popovski

МВР информира дека седуммина малолетници учествувале во тепачка во Жена-парк во Тетово, во која еден од нив употребил и метален предмет.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против еден малолетник од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „тешка телесна повреда“ и против шест други малолетници од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 26.07.2021 во Жена-парк во Тетово, пријавените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, при што првопријавениот малолетник употребил метален предмет.

Слични содржини