Тепачка меѓу жени поради недоразбирање во сообраќајот

од Nikola Popovski

Две жени се степале меѓусебе поради недоразбирање во сообраќајот, информираат од МВР.

-На 03.08 во 19.40 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија во врска со сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.Н.(23) и Н.С.(40), двете од Скопје.

Се работи на расчистување на случајот, појаснуваат од полицијата.

Слични содржини