Тепачка меѓу жени во Ѓорче Петров – пријавила дека била нападната, после 10 минути истепала друга

од Nikola Popovski

МВР информира дека пред два дена во скопската населба Ѓорче Петров жена прво добила ќотек, по што после 10 минути истепала друга жена.

-На 19.07.2022 во 22.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(52) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, била физички нападната од З.С.(46) од Скопје. Исто така, во 22.40 часот Н.С.(24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, поради меѓусебно нетрпение, била физички нападната од Ј.М.(52) од Скопје, стои во полицискиот билтен.

По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Слични содржини