Тепачка со боксови во трамвај и тоа заради маска: Познат актер се пресмета со маж, луѓето ги раздвојуваа (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Божидар Кошчак (71) хрватски актер реагирал во загрепскиот трамвај на 15 октомври околу 12 часот веднаш штом видел дека господин не носи маска и на крајот започнала тепачка.

– Само што се симнував од трамвајот кога видов господин без маска. Го прашав зошто не носи, кога сите ја имаме. Па, ние не сме будали. Стана и почна да ме удира. Тогаш ми падна маската. Луѓето скокнаа и почнаа да нè разделуваат – рече актерот Кошчак.

– Луѓето ги разделија и тие си кажаа неколку грди зборови и секој отиде на своја страна како што се гледа на видеото. Тие се бореа со тупаници и постариот господин се бранеше со чадор – рече сведок на настанот.

loading...

Слични содржини