Тепачка во авион: Патничка и ги скрши забите на стјуардесата, откако таа ја замоли правилно да ја стави маската

од Берта Китинска

Полицијата ја уапси Американката Вивиана Квинонез (28) за физички напад врз (неименувана) стјуардеса на лет од Сакраменто за Сан Диего.

Според изјавите на очевидците, физичкиот напад од страна на Вивиен врз вработената во „Саутвест ерлајнс“ се случил откако стјуардесата повеќепати ја замолила правилно да ја носи маската, односно преку носот и устата, како и сите други патници, и да се придржува до правилата во авионот.

Квинонез цело време се правела дека не слуша, ги игнорирала опомените, а кога стјуардесата веќе го изгубила трпението и го кренала гласот, патничката ѝ возвратила со тупаници в лице. Притоа ѝ скршила два заба.

По слетувањето стјуардесата била упатена на клинички третман.

Слични содржини