Тепачка во летната НБА лига (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

За време на натпреварот во НБА летната лига помеѓу Сакраменто Кингс и Далас Маверикс се случи инцидент.

Сакраменто Кингс го победи Далас Маверикс со 86:70, но сепак, резултатот беше во втор план, бидејќи се случи тепачка непосредно пред крајот на играта.

Сакраменто Кингс водеа со 79:61 на 3:03 пред крајот и беше јасно дека ќе победат на овој натпревар, само се чекаше со каков резултат.

Во тој момент, Химези Мету почна да забива, па беше силно фаулиран од Јуџин Оморуџи и поради тоа го удри со тупаница во главата.

Мету и Оморуџи беа исфрлени од натпреварот по овој инцидент.

Слични содржини