Тепачка во маркет во Србија: Купувачот одби да стави маска, а потоа следеше жестока пресметка (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Мерките за заштита од коронавирус предизвикаа незадоволство кај граѓаните на Крагуевац, што се претвори во физичка пресметка во еден маркет во тој град.

Имено, бруталната тепачка се случила поради непочитување на мерките на безбедност заради епидемијата на коронавирус, каде купувачот одбивал да стави заштитна маска при влез во маркетот, што е задолжително.

Во таа прилика се случи вербален и физички конфликт помеѓу припадниците на обезбедувањето и еден клиент.

Сето ова го забележал еден од минувачите кој го снимил инцидентот со телефон.

Минатата сабота градоначалникот на Крагујевац, Радомир Николиќ, кој истовремено е и началник на локалниот штаб за кризи, прогласи вонредна состојба во градот, како резултат на природна непогода предизвикана од драстичното ширење на епидемијата „Ковид 19“ во последните три недели.

 

Izvinjavamo se mnogo se izvinjavamo.Decko iz obezbedjenja je nevin dobio samar.Svaka podrska njemu.

Публикувахте от Srecko Saoic в Вторник, 30 юни 2020 г.

Слични содржини