Тепачка во парламентот на Боливија, причина – поранешната претседателка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Општ метеж изби во боливискиот парламент кога двајца пратеници се степаа по жестока расправа дали претходната влада на привремената претседателка Жанин Агнес била легална или пуч.

Жанин Агнес беше уапсена претходниот ден во главниот град на Боливија, Ла Паз, под обвинение за вршење на државен удар и соборување на претседателот Ево Моралес.

Конфликтот изби помеѓу член на владејачката Социјалистичка партија и опозициски пратеник по дебатата дали владата на привремената претседателка Жанин Агнес била државен удар или не.

Во метежот се вклучија уште двајца пратеници, по што настана општ хаос во парламентот.

Слични содржини