Тепачка за паркинг место во Аеродром

од Nikola Popovski

МВР информира дека две лица го нарушиле јавниот ред и мир поради паркинг во скопски Аеродром. Според инфомациите, двајца возачи од Скопје и Куманово се степале на паркинг простор.

„На 13.12.2021 во 15.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање околу паркинг место, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Д.(37) од Куманово и В.Б.(49) од Скопје“, велат од полицијата.

Сочинети се записници за констатиран прекршок против јавниот ред и мир.

Слични содржини