Британската премиерка Тереза Меј на 18 мај веднаш по  состанокот во Софија  ќе допатува во Скопје.  Се очекува веднаш по средбата Заев-Ципрас што ќе се одржи во Софија, таа со својот премиерски  авион да слета на скопскиот аеродром, објавија повеќе медиуми.

Таа ќе оствари средби со државно-политичкиот врв на Македонија, а се очекува да оддржи и кратка прес конференција за престојот во Македонија. Ова е прва посета на толку висок државник од Велика Британија по подолго време.Официјана потврда од македонската влада засега нема.

Слични содржини