Тери ја напушти Астон Вила, сака да се испроба како главен тренер

од Vladimir Zorba

Легендарниот англиски фудбалер Џон Тери повеќе не е помошник тренер на премиерлигашот Астон Вила, потврди клубот од Бирмингем.

Откако му помагаше на менаџерот на тимот Дин Смит во изминатите три години, Тери сега сака да ја испроба својата самостојна работа, како главен тренер.

– Размислував за својата професионална иднина и мислам дека не би било фер ако останев во тимот, и не сум сигурен дали ќе бидам таму цела сезона. Мојот план е да направам пауза, да поминувам време со моето семејство, а потоа да посетам некои клубови ширум Европа и да продолжам да одам кон исполнување на мојот план, односно да застанам на позицијата главен тренер – рече Тери.

Тери беше со клубот за време на неговиот престој во Чемпионшип, а тој остана до денес, кога Астон Вила е квалитетен тим во Премиер лигата. Клубот му се заблагодари на Тери за неговиот мандат во Вила Парк и му посака сè најдобро во продолжението на кариерата.

За потсетување, Тери ја заврши кариерата во Астон Вила, а после тоа работеше како асистент од 2018 година.

Слични содржини