ТЕРОРИСТИЧКА ЗАКАНА ВО ГЕРМАНИЈА: Полицијата во Дизелдорф го евакуираше и го затвори божиќниот пазар

од Vladimir Zorba

ПОЛИЦИЈАТА во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила извештаи за опасност, објави германски „Билд“.

„Билд“ наведува дека полицијата го евакуирала пазарот откако неименувано лице се заканило дека ќе помине со камион низ пазарот, пренесе „Ројтерс“.

Од Градот денеска објави дека стариот дел на градот е затворен, но не објасни што довело до затворањето.

Пред нешто повеќе од една недела, полицијата во Берлин ги затвори патиштата и ја зголеми безбедноста околу божиќниот пазар Александарплац поради телефонски закани. „Берлинер цајтунг“ потоа објави дека непознато лице и се заканувало на полицијата дека ќе ги прегази посетителите со својот автомобил.

Дванаесет лица загинаа, а 50 беа повредени во терористички напад со камион на божиќниот пазар во Берлин на 19 декември 2016 година, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.

Слични содржини