Терористички напад во Израел, маж убил 4 лица (ВИДЕО)

од Milan1

Четири лица се убиени, а неколку се повредени во терористички напад со нож во израелскиот град Биршиба.Според израелските медиуми, нападот се случил вчера пред трговски центар во градот, а напаѓачот е идентификуван како Мухамед Алаб сбу Алкијан, кој е по потекло од бедуинскиот град Хура.

„Уби три жени и еден маж, пред да го убијат вооружени цивили“, пишува Тајмс од Израел.

Според полицијата, терористот прво со автомобил прегазил маж што возел велосипед, по што заминал до бензинска каде убил жена.

Потоа се вратил до автомобилот, се одвезол до блискиот трговски центар каде убил уште две жени, по што го убиле цивили кои носеле оружје.
Алкијан ѝ бил познат на полицијата, а уште во 2015 година бил уапсен заедно со низа осомничени за кои се наведува дека подджувале и промовирале идеологија на ткн. Исламска држава во училиштето каде работеле.

„Алкијан беше осуден за тероризам и служеше казна од четири години затвор во градот Хура. Пуштен е на слобода во 2019 година. Во притвор призна дека основал тајна група која одржувала врски со ИД“, наведуваат израелските медиуми.

Слични содржини