Терористите од Париз и Брисел добивале дебела социјална помош

од Vladimir Zorba

Над 50 000 евра исцедиле  петмината од белгиската држава терор

Петмината  изведувачи на терористички акти во Брисел и Париз добивале социјална помош од белгиските власти, и тоа вкупната сума е над 50 000 евра, соопштува Wall Street Journal.Последните приходи на сметките на терористите биле три недели пред атентатите, објаснуваат белгиските иследници. Конкретно главниот осомничен во случајот за нападите во Париз Салах Абдеслам добил од властите вкупно 21 000 евра, иако по закон немал право на помош. Абдеслам работел како управител на бар во Брисел и дури бил косопственик на локалот. Директорот на финансиско разузнавање на Белгија Филип де Костер изјави дека нема директни докази за тоа како  терористите ги  користат овие средства за подготовка на нападите. Сепак “социјалната помош им обезбедувале средства за егзистенција и  индиректна помош при извршувањето на терористичката им дејност”, истакна тој. По оценка на властите, за организација на нападите во Париз се потрошени не помалку од 30 000 евра, а за подготовка на акциите во Брисел терористите дале барем 3 000 евра.
Де Костер ја истакна потребата од реформа на системот на социјална компензација во светлината на новооткриен факти

Слични содржини