Терористот од Ница неколку часа пред масакрот во црквата се јавил на своето семејство

од Stefanija Kuzmanovska

Лицето кое уби три лица во црква во Ница, разговарало со семејството преку видео повик неколку часа пред нападот, навела неговата сестра.

Брахим Ауисауи, осомничен за терористичкиот напад, се наоѓа во критична состојба во болницата. Полицијата вчера го застре во црквата Нотр Дам по нападот.

„Тој не покажа знаци на склоност кон екстремизам“

Членовите на неговото семејство денес рекле дека Ауисауи, 21-годишен механичар од Тунис, е „пријателски настроена личност“ и не покажува знаци на склоност кон екстремизам и навеле дека се изненадени што е осомничен и уапсен за вакво насилно злосторство.

Неговата сестра Афеф вели дека Ауисауи прошетал до црквата тоа утро, кратко откако пристигнал во Ница, за да бара место за спиење. Тој преку видео повик им ја покажал околината и им кажал дека планира да се одмори во зградата спроти црквата, пишува Sky News.

Кога неговото семејство видело снимки од местото на терористичкиот напад, веднаш го препознале подрачјето што им го покажувал Ауисауи за време на разговорот.

Неговата мајка, Гамра Исави, рекла дека Ауисауи вчера им се јавила и дека таа го прашала зошто не останал во Италија.

„Тој ми се јави вчера и рече дека пристигнал во Франција. Го прашав зошто не останал во Италија затоа што не познаваме никого во Франција ниту тој зборува француски”, раскажала Исави.

Постариот брат Јасин рекол дека Ауисауи е „пријателски настроена личност која не покажала склоност кон екстремизам“.

„Ги почитуваше другите луѓе и ги прифаќаше нивните разлики, дури и како дете. Не ни кажа дека планира да го напушти Тунис, па затоа бевме изненадени кога тој пристигна во Италија”, додаде тој.

Тој утро пристигнал во Ница

Брахим Ауисауи (21) пристигнал во Франција на 9 октомври, а вчера со воз пристигнал во Ница. Пешки стигнал до црквата Нотр Дам каде убил 60-годишна жена и 55-годишен маж, татко на две деца. Двајцата починале на самото место.

Третата жртва, Симоне Барето Силваа, 44-годишна мајка на три деца родена во Бразил, успеа да ја напушти црквата откако била повредена и да стигне до блиското кафуле, каде што починала.

Според службата за безбедност на Тунис, семејството на Ауисауи е под истрага, а неговата сестра Афеф рече дека полицијата им го одзела телефонот.

Еден сосед го опишал младиот Ауисауи како драг млад човек и кажал дека не му е познато дека припаѓа на ниту една милитантна религиозна група.

Туниски службеник за правда, Мохсен Дали, рекол дека Ауисауи бил уапсен во 2016 година поради насилство и употреба на ладно оружје (нож).

Мотивот за нападот во Ница сè уште не е познат.

Слични содржини