Тероризам во Франција: Екстремистот се слушнал со своето семејство неколку часа пред масакрот во црквата

од Nikola Popovski

Лицето кое уби три лица во црква во Ница, разговарал со семејството преку видео повик неколку часа пред нападот, изјавила неговата сестра.

Брахим Ауисауи, осомничен за терористичкиот напад, се наоѓа во критична состојба во болницата. Полицијата вчера го застрела во црквата Нотр Дам по нападот.

„Тој не покажал знаци на екстремизам“

Членовите на неговото семејство денес објавиле дека Ауисауи, 21-годишен механичар од Тунис, е „пријателска личност“ и не покажува знаци на екстремизам, велејќи дека се изненадени што се осомничени и уапсени за вакво насилно злосторство.

Неговата сестра Афеф рече дека Ауисауи отишолдо црквата тоа утро, кратко откако пристигнал во Ница, да бара место за спиење. Тој преку видео повик им ја покажал околината и изјавил дека планира да се одмори во зградата спроти црквата, пишува „Sky News“.

Кога неговото семејство видело снимки од местото на терористичкиот напад, веднаш го препознало подрачјето што им го покажуваше Ауисауи за време на разговорот.

Неговата мајка, Гамра Исави, рекла дека Ауисауи вчера им се јавил и го прашала зошто не останува во Италија.

„Тој ми се јави вчера и рече дека пристигнал во Франција. Го прашав зошто не останал во Италија затоа што не познаваме никого во Франција. ниту тој зборува француски”, рекла Исави.

Постариот брат Јасин потенцирал дека Ауисауи е „пријателска личност која не покажува склоност кон екстремизам“.

„Тој ги почитуваше другите луѓе и ги прифаќаше нивните разлики, дури и како дете. Тој не ни рече дека планира да го напушти Тунис, па затоа бевме изненадени кога пристигна во Италија“, додал Јасин.

Тоа утро пристигнал во Ница

Брахим Ауисауи (21) пристигнал во Франција на 9 октомври и вчера со воз допатувал во Ница. Отишол до црквата Нотр Дам каде oбезглавил 60-годишна жена и 55-годишен маж, татко на две деца. Двајцата починале на самото место.

Третата жртва, Симоне Барето Силва, 44-годишна мајка на три деца родена во Бразил, успеала да излезе од црквата откако била повредена и да стигне до блиското кафуле, каде што починала.

Според службата за безбедност на Тунис, семејството на Ауисауи е под истрага, а неговата сестра Афеф рече дека полицијата им го одзела телефонот.

Еден сосед го опишал младиот Ауисауи како драг млад човек и рекол дека не знае дека припаѓа на ниту една милитантна религиозна група.

Но, туниски службеник во министерството за правда , Мохсен Дали, рекол дека Ауисауи бил уапсен во 2016 година за насилство и употреба на ладно оружје (нож).

Мотивот за нападот во Ница сè уште не е познат.

Слични содржини