Тешка кражба во објект на МЕПСО

од Nikola Popovski

Пријавена е кражба на поголема количина кабел од објект на МЕПСО, информира битолската полиција.

На 26.11.2022 во 08.57 часот во СВР-Битола било пријавено дека во објект на МЕПСО лоциран во с.Новаци, била извршена тешка кражба при што бил одземена поголема количина кабел.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Битола.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Слични содржини