Тешка сообраќајка во Скопје, загина пешак

од Radmila Tasevska

Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Марко Орешковиќ“ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(40) од с. Богомила, велешко, удрило во пешакот Б.М.(92) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., по што била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им подлегнала на повредите.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Од МВР информираат дека вчера 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Кадино кон с. Бунарџик, општина Илинден, се судриле автомобил „опел астра“, управуван од М.Ј.(42) од Марино и автомобил „фолксваген голф“, што го управувал С.М.(65) од Скопје.

Во несреќата тешко е повреден М.Ј., а полесно малолетен сопатник од „астрата“.

Слични содржини