Тешка сообраќајка кај „Ѓавато“: Загинаа две лица

од Nikola Popovski

МВР информира дека синоќа околу 22:40 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, кај превојот „Ѓавато“, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила помеѓу влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.С.(53) од Охрид. Од здобиените повреди на местото на незгодата починале двајцата возачи.

Увид извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се дадени за обдукција.

Слични содржини