Тешка сообраќајка во Пертовец, две лица повредени

од Берта Китинска

На 05.04.2020 во 15.45 часот било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје – Велес, кај с.Петровец, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(31) од с.Петровец, скопско, и патничко возило „фолксваген туарег“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(45) од с.Идризово, скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.П., а со телесни повреди се здобил З.Н., по што биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини