На 25.04.2021 во 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот И.Д. од Скопје и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Д.П. од Куманово, информираат од МВР.

Во незгодата мотоциклистот и сопатникот 31-годишниот В.С. од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило 33-годишната Н.П. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини