Тешка сообраќајка во Србија: Четири момчиња загинаа

од Nikola Popovski

Ноќта меѓу саботата и неделата во Србија, кај селото Јанчиќи се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле четворица млади момчиња од Чачак.

Како што неофицијално објавија српските медиуми, станува збор за млади момчиња на возраст од 18 до 23 години кои се враќале од забава. Сите биле во еден автомобил, кој излетал од патот кај Јанчиќи.

Починале на лице место.

Автомобилот со нивните тела е пронајден дури утрово во провалија, пишува „Морава инфо“.

Слични содржини