Тешка сообраќајка во струмичко: Загина 48-годишен маж

од Nikola Popovski

Од СВР Струмица соопштија дека едно лице загинало во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Струмица-Берово, кај крстосницата за селото Сарај.

Од таму дополнуваат дека во несреќата учествувале автомобил и камион, а животот го загубил маж на 48-годишна возраст.

„ Беше донесен маж без знаци на живот со тешки повреди на главата. Во автомобилот имало уште едно лице, но тоа не е повредено“, соопштија од струмичката болница.

Слични содржини