Тешка сообраќајна несреќа кај „Сити мол“

од Nikola Popovski

Во тешка сообраќајка кај „Сити мол“ во Скопје повредени се две лица, соопшти МВР, дополнувајќи дека се работи за судир помеѓу две возила и дека увидот на полицијата е во тек.

„Сообраќајката се случила околу 12 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“ во Скопје. Се судриле две возила и повредени се две лица кои се префрлени во болница“, велат од МВР.

Во овој дел од град Скопје, сообраќајот се одвива отежнато бидејќи се врши увид на лице место.

Како дошло до несреќата нема официјални информации.

 

Слични содржини