Тешка сообраќајна несреќа во Австрија: Повредени 20 патници од Косово (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Рано утрово на автопатот кај градот Еугендорф во Австрија се случила сообраќајна несреќа во која се повредени 20-ина лица, патници во автобус од Косово.

„Во моментов знаеме за тројца тешко и 16 полесно повредени“, изјави портпаролката на австрискиот Црвен крст Роберта Танер.

Несреќата се случила околу три часот по полноќ меѓу излезот од автопатот Салцбург Север и Валерце во правец на Виена.

На тој дел од автопатот во тек се работи и пренасочување на сообраќајот при што возилата се движат во двата правци.

Автобус со околу 25 патници удрил во бетонски столб од засега неразјаснети причини, изјави за агенцијата АПА портпаролот на полицијата Ханс Волфгрубер.

Автобусот превезувал патници од Хановер во Германија кон Косово, пишува „Телеграф“.

Слични содржини