Тешка сообраќајна несреќа во Загреб: „Ауди“ косеше се пред себе со полна брзина (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Тешка сообраќајна несреќа се случила во Загреб, на авенијата Дубрава, кога „ауди“ со полна брзина удрило во неколку паркирани автомобили, а пешаците кои биле на тротоарот за чудо преживеале.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека во несреќата учествувале најмалку шест автомобили, пренесува „Јутарњи лист“. Полицијата во Загреб објави дека истрагата е во тек и дека сè уште не знаат што довело до несреќата.

На снимките се гледа како „ауди“ удира во неколку паркирани автомобили со полна брзина, при што нанесува голема материјална штета.

Неколку граѓани поминале по тротоарот каде што биле паркирани автомобили, но само огромна среќа ги спасило да не бидат потешко повредени.

Jel to moguće? 🙆‍♀️👀🤦‍♀️😬
Dubrava danas
Pješak u zadnjoj stotinci pretrčao cestu 👀🙆‍♀️

Posted by Autoškola Deltapromet Ivana on Monday, April 26, 2021

Слични содржини