Тешко повреден градежен работник при работа на зграда во Гостивар

од Vladimir Zorba

Во СВР Тетово вчера во 13.45 часот било пријавено дека при извршување работни задачи на станбена зграда на улица „Мара Угринова“ во Гостивар, 49-годишниот гостиварец И.А. се здобил со тешки телесни повреди.

Повредите, како што соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи, биле констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Слични содржини