Тешко повреден малолетник после пад од мотор

од Nikola Popovski

Малолетник е тешко повреден откако паднал од моторцикл, што го управувал негов другар, информираа од полицијата.

Вчера изутрина во ОВР Дебар пријавено е дека на 08.08.2022 година околу 17.00 часот, во селото Новак, општина Центар Жупа, О.А.(22) од истото село, управувајќи мотоцикл марка „јонвеи“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник на мотоциклот од истото село, а мотоциклистот О.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар, соопштија од МВР.

Слични содржини