Тешко повреден пешак при судар на две возила во Скопје

од Vladimir Zorba

Тешко повреден пешак на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ при судар на две возила.

Во СВР-Скопје вчера во 19:55 часот е пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т. (29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди.

Д.Б. (65) од село Волково бил пренесен и задржан во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В. (40) и В.И. (56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Слични содржини