Тешко повреден пешак во сообраќајка

од Milan1

Вчера во 22.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-с.Никуштак, во с.Отља, општина Липково, патничко моторно возило „фолксваген голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(52) од с.Ропаљце, општина Липково, удрило во пешакот Н.С.(63) од с.Отља.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, информираат од МВР.

Слични содржини