Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Тетово

од Andreja Salpe

На 18.04.2021 во 18.30 часот било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“, со косовски национални ознаки, управувано од Е.М.(24) од Тетово, удрило во пешакот И.Г.(39) од с.Блаце, информира МВР.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово

Слични содржини