Тешко повредено дете по удар од автомобил во Долно Свиларе

од desk2

Шестгодишно момче се здобило со тешки повреди откако било удрено вчера од автомобил во с. Долно Свиларе.


МВР соопшти дека вчера во 15:20 часот во с. Кондово, скопско, патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(54) од с.Долно Свиларе, удрило во шестгодишно момче од Глумово.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено на Детска клиника при комплексот клиники „МајкаТереза“.

Извршен е увид на местото на настанот.

Слични содржини