Tesla доби зелено светло за испораки на Model 3 во Европа

од Vladimir Zorba

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla доби дозвола да почне со испораката на својот нов Model 3 во Европа, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на информации од холандскиот автомобилски регулатор RDW.

Се очекува испораките да започнат во февруари и, како што се случи и во САД, првите продажби во Европа се однесуваат за онаа варијанта на Model 3, која работи со батерии за поголема километража.

Почетокот на испораката на овој модел за Стариот континент е клучен приоритет за главниот извршен директор на компанијата од Калифорнија – Елон Маск.

Тој ја опиша продажбата во Европа и Кина како главна причина поради која не е загрижен за значителното намалување на федералниот даночен кредит до 3.750 долари за купување на електрични возила, кој стапи во сила од 1 јануари оваа година.

Во своето соопштение во врска резуталтите од третиот квартал, компанијата наведува дека „европскиот пазар за седани од просечна големина е двојно поголем од американскиот“.

Слични содржини