Тесла испорача 200.000 автомобили за еден квартал

од Vladimir Zorba

Производителот на електрични автомобили Тесла испорача 201.250 возила во вториот квартал на 2021 година, и ова е првпат повеќе од 200.000 автомобили да бидат доставени на потрошувачите во еден квартал. Во првиот квартал од 2021 година испорачани се 184.800 возила.

Модел 3 и Модел Y беа скоро сите испораки, додека само 1.890 автомобили беа нарачани од сериите Модел S и Модел Х. Првите испораки на електричниот седан Model S Plaid официјално започнаа на 10 јуни. Основачот на Тесла, Eлон Маск, рече дека достигнувањето се случило и покрај многуте предизвици, особено поради недостаток на чипови на пазарот.

Сепак, бројот на нарачки не е толку голем како што предвидуваа некои аналитичари. Проценките се движеа до 231.000 возила. И покрај ова, забележливо е дека Тесла ги постигнува своите забележителни резултати и покрај пазарот на кој постои растечка конкуренција, особено по најавата за нови модели како што е Ford F-150 Lightning.

Слични содржини