Тестот на човекот кој почина во автобус во Кина позитивен на „хантавирус“

од Stefanija Kuzmanovska

Тестот на патникот кој почина во автобус во Кина е позитивен на сосема различен вирус од КОВИД-19 – кој е исто така фатален, а честопати развива многу слични симптоми, пренесуваат светските медиуми.

Неидентификуваната жртва од покраината Јунан почина додека патувала со до неговото работно место во провинцијата Шандонг.

„Неговиот тест беше позитивен на хантавирус. Тестирани се и други 32 лица од автобусот“, изјавија официјални претставници, без дополнителни детали.

Можноста за почеток на ширење на нов вирус, во време кога Кина започнува да ги укинува строгите карантини од КОВИД-19, предизвика паника кај многумина на социјалните мрежи.

Но експертите набрзо истакнаа дека не станува збор за нов вирус и истиот во многу ретки случаи се пренесува меѓу луѓето.

„Хантавирусот за првпат се појави во 1950-тите за време на Американско-корејската војна во Кореја. Се шири од стаорци /глувци доколку луѓето ги внесат нивните телесните течности. Пренесување од човек на човек е ретко. Ве молам не паничете, освен ако не планирате да јадете стаорци“, објави на Твитер шведскиот научник д-р Сумаја Шаик.

Центрите за контрола и превенција на болести во САД (ЦДЦ) соопштија дека хантавирусот е редок – но стапката на смртност ја става на 38 отсто.

Симптомите може да се појават и до осум недели „по изложеност на свежа урина, измет или плунка од заразени глодари“, велат од ЦДЦ, истакнувајќи дека повремено може да се пренесе и од каснувања од заразени стаорци или глувци.

Симптомите на многу начини ги одразуваат оние што се пријавени од коронавирусот – при што заразените се жалат на треска, главоболки, кашлање и губење на здив.

„Не постои специфичен третман, лек или вакцина за инфекција со хантавирус“, предупредуваат од ЦДЦ, велејќи дека на пациентите често им е потребна интензивна нега.

„Затоа, ако сте биле околу глодари и имате симптоми на треска, длабоки болки во мускулите и губиток на здив, веднаш обратете се кај вашиот лекар“, потенцираат оттаму.

Слични содржини