Тестовите на „Систина“ за коронавирус не потврдуваат со сигурност дали пацинетот е заболен

од Vladimir Zorba

Какви тестови за коронавирусот користи клиниката „Систина“, дали се валидни и дали тестирањето со негативен резултат беше фатално за 45 годишен пациент од Куманово кој почина од вирусот? „ИРЛ“ откри загрижувачки податок дека тестовите на „Систина“ се купени од фирмата производител во Холандија „Инзек“, која има само еден вработен, сопственикот Заки Хамид, и која е регистрирана во 2016-та година со влог од само 10 евра. Рапид тестот за КОВИД 19 се продава под името „Биозек“, бренд основан лани, во 2019-та.

„Систина“ во јавноста тврдеше дека тестовите „Биозек“ ги купила преку посредник, компанија регистрирана во Швајцарија. Тоа, откри ИРЛ, е фирмата „Спринг Хелткеар“, исто така формирана лани во околината на Цирих. Основната дејност на оваа фирма е да обезбедува услуги во областа на меѓународни деловни и даночни совети, а потоа како дополнителна дејност е наведено и набавка и продажба на производи наменети за здравството. Рапид тестовите „Систина“ ги набавила од оваа компанија.

И од холандското министерство за здравство известуваат дека дека ваквите тестови, кои практично ги користи „Систина“ не можат да утврдат дали некој го носи вирусот во време на тестирањето и да утврдат дали е заразен во тоа време. Корисниците можат да станат непотребно загрижени или лажно сигурни, исто како што му се случило на пациентот од Куманово кој, откако добил информација дека е негативен на тестот, плати со живот.

Изминатите две седмици клиниката „Систина“ ја уверуваше јавноста дека нивните тестови за коронавирусот се врвни холандски тестови кои со сигурност покажуваат кој е заразен. Но, тоа се само рапид тестови кои може да утврдат дали имате антитела на вирусот. Вестити кои се пласираа деновиве од портали блиски до опозицијата дека бројот на заразени расте, всушност се целосно лажни. Самите тестови воопшто не потврдуваат дали пациентот има вирус туку антитела. За разлика од нив, далеку поверодостојни се молекуларните тестови кои всушност дијагностицираат вирус.

Според тврдењата на дел од граѓаните кои се тестирани таму, по испратените резултати, пероснал од Систина ги контактирал на телефон да им посочи дека треба да си ги проверат резултатите со друг тест на Клиниката за инфективни боелсти. Ги известиле дека „не мора со сигурност да значи дека се забоелени“. Се постаувува прашањето, зошто дел од медиумите пренесуваат дека тестираните се заболени кога тоа целосно не е точно, дури и според „Систина“? Кој има интерес да ја лаже јавноста и крева паника?

Овиe наоди се сериозно предупредување граѓаните да внимаваат каде се тестираат, туку внимателно да ги следат препораките на лекарите од државниот здравствен систем. Овој случај потврдува зошто граѓаните најмногу му веруваат на државното здравство во период кога корона вирусот носи животи и заразува стотици низ нашата држава.

Слични содржини