Дали знаевте дека Кејт Мос има тетоважа вредна милион евра? Насликана е од познат покоен уметник.
Кејт Мос има тетоважа на дното на грбот, за која тврди дека со текот на времето се здобила со вредност и сега вреди најмалку милион евра.
Имено, цртежот на задниот дел на супермоделот е дело на покојниот уметник Лусиен Фројд. Тој своевремено ѝ истетовирал две птици на Кејт Мос, а бидејќи е познат уметник и многу почитуван во светот, моделот верува дека нејзината тетоважа добила на вредност со текот на времето.
– Тоа е оригинал Фројд. Се прашувам колку колекционер би платил за ова дело? Сигурно неколку милиони – изјави гордата сопственичка на скапата тетоважа.
Кејт Мос и Лусиен Фројд станаа блиски во текот на 2002 година кога беше бремена со својата ќерка Лили Грејс, а уметникот потоа го наслика нејзиниот портрет додека беше бремена. Сликата подоцна беше продадена на анонимен купувач за околу четири и пол милиони долари, а моделот верува дека нејзината тетоважа е вредно уметничко дело.