Тетовец физички ги нападнал мајката, братот и други роднини

од Берта Китинска

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека во полиција вчеравечер било пријавено семејсно насилство.

Случајот кај нив бил пријавен од 71-годишна тетовка и нејзиниот 45-годишен син.

Според пријавата тие двајцата и уште две други лица членови на семејството, физички ги нападнал 46-годишниот син, односно брат, во заедничкиот двор на нивните куќи.

-Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок, информира Јосифоски.

Слични содржини