Тетовец преку социјални мрежи намамил малолетничка од Косово со намера да ја обљуби

од Nikola Popovski

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (10 август) околу 17 часот, во тетовско Теарце, го лишиле од слобода 27-годишниот М.А. од ова село. Тој преку социјални мрежи намамил малолетничка од Косово со намера да ја обљуби.

-Лицето е приведено поради сомнение дека извршил „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“.

Станува збор за малолетничка од соседно Косово, а делото, според пријавеното, било извршено преку социјални мрежи. Се расчистува и документира случајот, по што против М.А. ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата.

Слични содржини