Тетовец сакал да ги прегази полицајците, ама го уапсиле

од Берта Китинска

Околу 21:50 часот, на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив на улица „Борис Кидрич“. Таму бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки. Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници, информираат од СВР , Тетово.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Слични содржини