Тетовец со нож нападнал деца, бидејќи му играле пред зграда

од Берта Китинска

Тетовчанец со нож бркал деца кои си играле пред зградата.

-Вчера во 22.15 часот Д.Р.(43) од Тетово пријавил дека во Тетово, на ул.„Благоја Тоска“, додека неговиот малолетен внук заедно со другарите си играле пред зграда, С.Е.(61) од Тетово почнал да трча по нив, држејќи во раката нож, велат од полицијата.

Тој бил приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Слични содржини