Тетово доби организиран градски превоз

од Vladimir Zorba

Денес во Тетово пристигнаа 5 автобуси од типот ISUZU Citiport, кои ќе се користат за потребите на организиран урбан транспорт во рамките на општинското претпријатие „Тетово Транспорт“. Овие автобуси се исто така прилагодени за лица со телесен инвалидитет, мајки со деца и стари лица. Автобусите го исполнуваат еколошкиот стандард ECO6, стандард кој се користи во земјите на ЕУ.

„Овој капитален проект вреден 44 милиони денари, бараше не само единствена визија, туку и тимска работа на оние кои веруваа и работеа напорно за да го направат реалност. Денес би сакала да се заблагодарам на министерот за финансии г. Фатмир Бесими и на проектната единица во рамките на ова министерство, која помогнаа во спроведувањето на постапката за набавка на урбани автобуси, преку инструментите на Светска банка“, соопшти градоначалничката Теута Арифи.

Општина Тетово, продолжува таа, останува посветена и ќе продолжи да работи на афирмирање на инструментите за меѓународно финансирање, како многу погодна форма за реализација и задоволување на потребите и барањата на граѓаните. Урбаниот превоз во Тетово ќе започне да функционира многу скоро.

Паралелно, ги изградивме автобуските постојки вертикална и хоризонтална сигнализација и интензивно ќе работиме на едукација на граѓаните дека со користење на градски превоз, не само што избегнуваме застој во сообраќајот, туку и придонесуваме за подигнување на свеста и еколошката заштита на градот и општината, вели Арифи.

Слични содржини