Тетово го укинува автобуски превоз, државната фирма која ја вршела услугата не била регистрирана

од Берта Китинска

Општина Тетово денескa извести дека времено ќе биде прекинат јавниот превоз со автобуси низ градот.

– Поради хаосот, работење без придонеси на вработените и поради тоа што фирмата работи не регистрирана, додека вработените во фирмата ЈП „Тетовo транспорт” се наведени како вработени во општината, како и поради многубројни неправилности привремено ќе биде во прекин јавниот превоз. Ова одлука доаѓа за да не се оштети уште повеќе џебот на граѓанинот и за неконтролираните трошоци во ова претпријатие. Ваквата состојба ќе трае се додека не заврши конечното скенирање на состојбите создадени во ова претпријатие од претходните раководни структури. Исто така, сакаме да ве информираме дека в.д ќе биде Рафиз Мејдија, се вели во соопштението на Општина Тетово.

Јавниот градски автобуски превоз во Тетово почна да се одвива на 16 август годинава во време на претходната градоначалничка. За потребите на претријатието беа набавени пет автобуси.

Слични содржини