Тетовски регион: 20 новозаразени со коронавирус

од Nikola Popovski

На подрачјето на шесте тетовски општини Центарот за јавно здравје од Тетово денеска регистрира 20 нови случаи со Ковид-19.

Според информациите добиени од Центарот за јавно здравје, во Општина Тетово има 12 лица позитивни на ковид-19, во Општина Јегуновце 5, Општина Брвеница 2, и Општина Боговиње 1.

-Општина Тетово денес има 12 нови случаи, во населените места на Општина Јегуновце има пет, двајца во Општина Брвеница и еден во рамки на Боговиње, изјави д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при Центар за јавно здравје Тетово

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово, за неносење заштитни маски 36 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.

Во тетовскиот регион, заклучно со вчерашниот ден, има вкупно 168 активно болни лица, а досега вкупно заболеле 1.103 лица.

Слични содржини